Поинаква светлина врз политиката…во нашава земја

Posted in колумни, општество, политика on јуни 8th, 2010 by marsovka

Кога гневот ќе спласне, кога визиите за тоа како фрлаш нуклеарка врз парламентот ќе заминат во некој споменар и сеќавање, тогаш доаѓа тажната и сурова вистина. Тогаш паѓа онаа светлина која ја открива грдата и комплексна слика која до сега сум одбивала да ја видам. Грда и одвратна како светлината од неонска светилка која ја фрла врз моето лице откривајќи ја и истакнувајќи ја секоја лузна, бублица, нерамнина на моето лица кое за момент те тера да бегаш од неа. Сега така ја гледам нашата социо-општесвена и политчка слика. Во моментов додека седам и гледам како водители повикуваат на ликвидации и тоа осуденици за измама, изјави на економисти дека не чека колапс на економијата ако се продолжи вака итн.

За тоа време се оштрат сдсм и бранко црвенковски да се враќаат на власт. Од друга страна не гледаш било каков избор друг на политичката сцена. Така барем сите викаат изборот е сведен меѓу неспособниот политичар Никола Груевски кој не знам како успеа да ја воскресне мртвата политичка кариера на Бранко Црвенковски, човек кој дрско седи пред новинар на кое му дава интервју и тврди дека не бил дел од грабежот на Македонија и обезвреднување на нејзините фирми, Никола Груевски кој го донесе не провицинскиот дух во политиката, туку ултимативниот селјачизам , сведувајќи ја дебата на ние сме невини курви ( озбилно како успеаја) а они ( сдсм ) се стари курви .Фалеше уште да се отвори нешто налик на колосеумот каде политичките противнице се тепаат до смрт. Човек кој ја доуништува економија, ја србинизираше целата култура вклучително и театарот . До таа мера ја доведе работата што го реновира и реизградува урнатиот српски офицерски дом ( од периодот кога србите не дупеа у газ без подмачкувач упс де не окупираа) , каде имаме распродадени гостувања на српски претстави додека нашите престави се продаваат сеуште преку училишта или пак се посетени од верната публика која сеуште верува во македонска култура како поим кој е реален.Да не напоменувам на напливот на разно разни емисии генерално на српски а потоа на турски и хинду ( а јас мислев дека дното беше со шпанските серии )

Од друга страна стои човек со искуство во политиката но очигледно криминално досие наречен Бранко Црвенковски, неговите дела и акти ги обележаа животите на илјадници луѓе втурнувајќи ги во беда а нивните деца ги принуди да идат како робови по западот за да заработат некој денар. Човек кој е синоним и главното лице на криминалната приватизација но истворемено се повеќе префериран од странците и човек кој не ја води политиката во стилот калимеро нема правда.

Изборот е тој, така викаат сите јас викам дека има трет избор. Избор наречен пушка и гонење на сите криминалци . Тежок избор, избор во кој се лее крв и избор кој е нималце убав. Избор наречен крвава револуција и целосна реформа . Избор кој ќе значи откажување од наметнати соништа за имање 10 скапи коли, 3 цицлести плавуши, 24 лаптопи и разни гаџети, куќа од 1000 квадрати и дебел златен ланец околу врат заедно со лесната работа позади биро. Избор наречен враќање кон земјоделието и градењето . Ама кој сака да работи валкани работи, кој сака да се откаже from cheap pipe dreams and easy jobs, од респектот кој се добива кога ќе рече мајка ти и комшиите тој се снашол и е директор …

Има нешто што ме замисли денес и ме натера да пишувам пак, го гледав интервјуто во центар со Љубчо Георгиевски кој покрај куп лаги кој изнакажа кажа неколку сурови вистини за македонскиот народ, србинизацијата . Велејќи македонците би биле најсреќни кога југославија би се вратила, затоа и делуваат дека не знаат што сакаат заедно со изјавата дека македонскиот народ не сака држава а сета таа борба околу името е проформа – наметната со пропаганда, дека сето тоа молчење околу подривањето на македонскиот индетитет и култура од страна на власта го докажува тоа. Сето тоа прифаќање на наметнатите поделби, уништување на нашето 500 години старо наследство живеење во мултикултура и толеранција. Мене се што ми падна на памет : Дали воопшто сакаме да бидеме спасени? Можеби политиката и политичарите наши ја рефлектираат нашата потсвесна желба за деструкција на она што се нарекува независна Република Македонија?
Сите постапки, сета атмосфера која ја осеќам околу мене заедно со резигнираноста ги доживувам како вресок на човек болен од тешка болест – Убиј ме , скрати ми ги маките , не сакам да бидам спасен.

Има и четврт избор просто самоубиство, се повеќе ми делува дека сме го одбрале тоа и само тивко ги одбројуваме моментите кон конечното заминување во историјата наспроти привидната бука и крици за спас и борба.

Каде сме ние во оваа прича?! Wake up ..

Posted in колумни on мај 19th, 2010 by marsovka
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image
YouTube Preview Image

Е сеа да продужам дајле : Ние немаме ебан план , никаков ебан план за тоа како ќе се справуваме со глобалното затоплување. Ние немаме ни регулирано коритата на реките. Дали воопшто знаете што навистина значи глобално затоплување, глобално затоплување вшусност претставува климатска дестабилизација, мислите е само потопли лета и зими е па сте се заебале, прво кога е потопол воздухот воздухот повеќе водена пареа тоа значи одеднаш повеќе вода ќе паѓа следсвено поголеми шанси за поплава но од друга страна на други места или периоди нема да има воопшто дожд. Суши и поплави. Имаат план и дали воопшто нашиве планираат да го спроведат. Да не споменувам peak oil и дека јагленот на кој работи Рек битола ќе го снема за 3 години бтв . Ние не немаме апсулутен никаков пристоен енергетски план, ние уште се заебаваме со законите за вода .
Добро мајката кога светот ќе иде поѓаволите без нафта,енергија,храна ние што ќе правиме? Ќе ограме ора на плоштад?

Што по ѓаволите се случува???

Posted in блогосфера, вести, општество, политика on мај 13th, 2010 by marsovka

Првин не раздени вест дека е запленето оружје, после не разденува протест во кој албанците велат дека се дискриминирани, па изјави од албанските политички партии дека не го подржуваат овој протест( и тоа со нервозен тон како да паднале од марс протестатнтите) па уште една акција каде се убиваат долги години барани криминалци, заедно со еден куп арсенал оружје ….
Мене ми се вртат неколку опции во главава.
Прво дека има лица кои се незадоволни од исходот и не добиле тоа што сакаат, второто е дека сево ова е сценарио еден вид :
- власта за да ги отрне очите на јавноста од тоа што го планираат ( веројатно помѓеу на втора или трета страна во некој весник ќе не разднени вест дека е донесен некој закон каде ни се кршат уште права и се плаќаат уште казни или пак се донесени контроверзни закони) + проектот 2014
- зголемување на популарноста во која се прикажуваат како народни херои
- одвлекување на вниманието на јавноста од прашањата во врска со должноста на државата внатре и надвор како и новата еврообрврзница, но и можноста да завршиме како грците поради се поматните статистики и се повеќе премолчените економски прашања поврзани со ова.
Трето навистина етничките односи се нарушени :
- дуи да го бојкотира парламентот од страна на радикалите
- проектот скопје 2014
- немањето лекови
- корумпирано судство сево ова албанското население го префрла како македонците се криви и власта крива да не споменувам не влегувањето на нато и еу, се повеќе одалечеувањето на европската перспектива итн итн нови поскапувања поголем одлив на работна рака и се повеќе се принудени да одат на работа во странство ( btw 1,2 посто растот се должи на додатните 110 милиони добиени од печалбарите ) патем ако некој не ги гледаше протестите албанците споменуваа корумпирано судство и немање пари само ептен лошо го адресираат …
Четврто стапот и морковот од страна на еу и америка за мењавање на името ( иако сега ми се чини невозможно али ај нека стои ради патриотине )

И сега што се дешава ? Некој знае?
Партиско билдање рејтинг
Нова политичка партија на повидок од страна на албанците која сака рејтинг да изгради за себе
Влошени етнички односи
Што ќе да е?

Мириса на нова 2001 ил мене така ми се чини

Posted in колумни, општество on мај 4th, 2010 by marsovka

Денеска отворам очињава и што ќе видам по веснициве ( иако се трудам да апстинирам од политика освен за заебанции)

статија која вика ништо страшно инцидентно е … не знам како било во 2001 јас бев копиљ некој тука да не потсети

Корегирајте ако грешам баш у тоа време беа изолирана група, без подршка според некои експерти, се дереа политичари на сред скопје дека е безбедно итн итн
Да биде уште поголема сличноста баш истата владеачка партија е на власт и тоа 4 година, во времето на љубчо беше во 3 тата година на власт
Страниците и јавноста се затруени со тоа што преставувааат спомениците за граѓаните и слични дебати

Следно на менито Дневник:
Статија која вика плашете се
И некој вид на кратка воведна анализа
Дајте ваму реални анализи јас со месеци неам отворено асли весник

Македонија 2012

Posted in вести, локално, медиуми, општество on мај 3rd, 2010 by marsovka

КРАЈОТ НА СВЕТОТ СТИГА ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ! – на сите медиуми го има 21 декември завршува мајанскиот календар, откриен е огромен астероид кој оди на кај земјата и ќе удри за неколку месеци.
Три дена пред крајот на светот :
Русија:
Огромни пијанчења со вотка се пријавуваат илјадници случаи со труење од алхохол и лоша вотка
Америка:
Оргии, предозирања со хероин и платинести холивудски курви се прикажува онлајн некое тв шоу дочек на крајот на светот каде парис хилтон е нивната водителка и организаторка
Европа:
Европејците седат во брисел и измислуваат нови регулативи за тоа дали треба или не траб да има криви крставица за дочек на крајот на светот
Ориент:
Се убиваат луѓе јавно, се воведува шеријат таму каде што не е воведен и сите се убедени дека после судниот ден ќе ги чекаат 77 девици
Германија:
Дет метал журка која трае веќе неколку дена и која се планира да се изведува се до крајот на светот. Проследена со оргии, гладијаторски борби и конечно искача од нив освојувачот…
Јапонија :
Секс со играчки јавно на улица, насекаде се нудат играчки за секс дури и оние што се за деца. -.-
Организираат јавен настан каде се одбираат најнови первезии Life …
Македонија:
Атмосферата е напната, наоколу плакати. Ја слушаш водителката: На судниот ден ќе објават резултатите од изборите , До сега водат сдсм во неколку општини … Поради техничката неможност прегласувањето ќе се изврши под итно и ќе се оди опд куќа до ќуќа за да се повикаат локалните жители да гласаат таму каде што ќе има прегласување.
И толку за изборите 2012 прганизирани по повод крајот на светот. Следно на програмата Б.Ц. е фатен како има секс со малолетничка, неговата партија објави дека објавените слики се фотомонтажаа и дека очекуваат илјадници луѓе да дојдат на митингот по повод нивната победа на изборите кој е закажан само неколку часа пред крајот на светот. Нашата дописничка е на терен : – да какошто гледате веќе пристигнуваат илјадници сдсм подржувачи со транспаренти ние ја победивме вмро на судниот ден. Иако има уште 48 часа пред почетокот на митингот кој се смета дека ќе биде последниот и најдолгиот митинг во република македонија, сепак уште пред неколку дена почнаа да доаѓаат автобуси од секој дел од државата. Еве еден нивен симпатизер да видиме што има да каже….

И така драги мои …

Сите зборат па ај и јас…

Posted in политика on април 25th, 2010 by marsovka

Мојот коментар на блогот на ванковска кој испадна еден цел пост

Совршено добро го разбирам гневот за неправдата и апсурдот на овој спор но ова е од малце поинаков агол на гледање на работите
На овој дел би искоментирала може да звучи како сосема друга тема но…

Прво такви идеи не би се појавиле во јавност доколку народот имаше пари, второ вината не паѓа само на опортунистите туку и на сите политичари општо, меѓу другите и оние кои го доведоа народот до питачки стап. Трето да не се лажеме надворешната политика е лошо водена после самитот на Букурешт, од плукање по Грција заврши со плукање по европа,западот општо и со опроштење мадињата на Букефал и 100 тина други статуи(за кои и вие самата се имате изјаснето против).Ставање неискусни политичари задолжени за евроинтеграции беше уште една навреда. Со самото тоа изгубивме голем дел од симпатиите во Еу а богами и Америка. Да не напоменувам дека спорот со името беше дрско искористен за етикетирање и добивање поени кај гласачите а уште повеќе дрскоста на нашиве политичари кои сите ја гледаат, истите тие глупости наши се искористија кај грците како аргумент за стоење тврдо на црвената нивна линија. Да не напоменувам цицањето на стопанството од страна на власта со казни, инспекции и закони кои за едни важат а за други не, кое предизвикува се поголем очај кај населението и барање чаре макар и да значело мењање на името. Патем не знам колку сте запознаени со психологија и рангирањето на човековите потреби, прва и основна потреба на секое човечко битие е задоволување на потребата за храна и облека, потоа за себепотврдување и градење на индетитет ( ова лаички кажано) .Очекувате човек да бира меѓу полн стомак и нацинален индетитет. Верувајте ми кога е празен стомакот сите овие работи и аргументи не значат ама баш ништо. Празен стомак свири друга музика но сигурно не е националната химна. Ви препорачувам да поминете неколку дена во Шутка и да живеете како и тамошните жители (патем така живее голем дел од населението) за да се потсетите од каде сево ова расположение за мењавање на името.

Сеа би искоментирала на коментарот на mariage кој е општо прифатено мислење. Сите оние кои мислат дека на кондиција ги тепаме извинете пак на зборот се заебале навелико. Не знам колку од нив се запознаени со демографските движења во земјава . Опаднат наталитет, иселување на граѓаните на овој или оној начин кое е привремено спречено со чекање редови за пасош и закажување нивно на 2011 а некаде и 2012. Се прашувам кој ќе го гради и чува тој национален индетитет кога ќе нема народ? Да не напоменувам дека демогравскиот состав на Р.М се менува се повеќе и повеќе во етничка смисла и дека другите етнички заедници ( кои не им е важен спорот со името) завземаат се поголем удел .
(коментарот на мариаге ;Јас сум да трчаме долга, маратонска трка за името, да не попуштаме во спорот со негаторите-грци, но претходно сите да се обезбедиме со храна, прехранбени продукти, бидејќи гладен човек неможе да оди, а не да трча.)за да не џбарате по блогерајов :)

Вадење пасош – клањање на бирократските божества

Posted in историја, колумни, лично, локално, општество, патепис on април 24th, 2010 by marsovka

Не знаев дека вадењето пасош изгледа како вселенска опера во која се состои во одењето на далечни пространства нешто како воведната реченица на за серијата стар трек: Space..the final frontier. These are the voyages of the starship Enterprise. Its five-year mission: to explore strange new worlds, to seek out new life and new civilizations, to boldly go where no man has gone before.
Сериозно е така не се осмелувајте да вадите пасош ако немате храброст да се качите на вселенски брод и соочите со brand new species наречени службеници во пасошко и застарена технологија на комуницирање која не е компатабилна со вашата и треба да пребарувате низ музеите на вашата планета за да воопшто можете да комуницирате.

Сцена 1: Го наоѓаме бројот за закажување на пасош по итна постапка, вртиме од мобилен
- телефонскиот број не постои …
Како бе не постои ебате само што го земав од еден другар кој закажуваше исто така за пасош. Се распрашав . Ме информираа дека требало да се закаже преку фиксен телефон-Првото нешто што ми дојде на памет не е могуче ово, второто ДАЛИ ОВИЕ СЕ НОРМАЛНИ?!. Во време кога сите имаат мобилен и само баба ми петранка од свирипичино има фиксен телефон како у курац да закажам!!!!Барај фиксен аман за аман . Трафика не може пошто на нула почнува бројот. Прашувај 10 души дали имаат фиксен каде нулата не блокирана. Проследено со молитви кон бога и палење свеќа во црква секој ден, 10 дена по ред само да најдам фиксен. На крај се најде еден другар преку другар кој го знаеше и закажа. Фала курцу . За малце ќе направев олтар кај мене дома и ќе принесував човечки жртви само за да најдам фиксен. Од крајот на фебруари ми закажаа за 14 април … и да збориме за итна постапка. Ептен итна…

Сцена 2: Денот Д- 14 април, во 19:05 треба да одам за сликање, не знам кои документи треба да се донесат. Превртувам цела куќа за извод, стариот истечен пасош, држјавјанство, библијата, куранот, талмудот и глогов колец + договорот со крв потпишан со ѓаволот за секој случај. Обесувам давидовата ѕвезда и крстот на врат а вуду кукла во џеб за да ми се најде- знаеш за сваки случај. Одам во МРТ , торбата ми тежи огромен тефтер и три пенкала за сваки случај( планирав да земам прибор за прва помош и прозак ама немаше место). Огромна табла на која има не знам колку исполепени документи, известувања каде имаш: за деца , за тие до 27, за редовна , за итна. Најдов што ми требаше, три таксени марки: чек, молба пополнета : чек, стариот пасош: чек и убава уплатница, со убави бројчиња на која пишува 4500 денари за мвр … 4500 денари – 75 евра – една половина од просечна плата. Ми се слоши од сумата , како да уплаќам пари за шопинг во Грчка, додуша тоа што чув една дневна тура чини некаде околу 1000 ден за едно лице… Свестување, трчанката дома земање пари плаќање во првата банка ( патем една уплатница од шалтер со испечатени сметки и се чини 5 ден така да си знаете) .

Сцена 3: Саат и пол пред идење во мрт : the final verdict, the clash of the titans, going in to the jaws of the monster…. качување на автобусот и ми се врти интрото на twilight zone: You are traveling through another dimension, a dimension not only of sight and sound but of mind. A journey into a wondrous land of imagination. Next stop, the Twilight Zone! Последна станица Twilight Zone ова е грешка мрт .
Последна проверка на реквизитите : Молба попунета- чек, уплатница-чек, лична- чек, молитвата оче наш научена на памет- чек, библија, куран, талмуд-чек, зајачко стапало, вуду кукла- чек, прибор за прва помош- чек, лук, света вода, глогов колец , сребрени куршуми и договор со ѓаволот потпишан со крв-чек, човечка жртва за сваки случај ( 500 денари за курвите од мртв ) – чек, туристички водич for dummies за бирократските лавиринти во република Македонија- чек

Одење до кај шалтерот за информации, две столчиња, два компјутера службеник нема!
Прашување лево десно, аа девојче треба да знаеш у која соба си . Јеботе 10 соби се не една, прашај во првата соба каде нема гужва – албански службеник со тежок акцент одговара: Треба да га видиш кај шалтерот за информации.Океј пола саат пред време сум , чекам, коа гледам дека сум ја зашмрљала уплатницата малце , делот кај името . Веќе ми се враќаат кошмарите со тие од студенстки прашање, почнуваат флешеви како кај виетнамските ветерани. ААА дали ќе ја прими, дали не, дали дома го оставив решото уклучено, а бојлерот, чекај а што е работава, а кој го уби ченто?!У курац I lost it… Информации за видоt наречен службеници во водичот гласи- препотентни копита кои се малтретирани од своите претпоставени со голема веројатност дека се вработени по партиска линија и некој им го брани гзот, имаат хронична потреба да се изживуваат врз добронамерните дојденци бидејќи курот им е мал а жена им ги вара.Препорака не давајте отпор, дајте им осет дека курот им е 5 метра предвреме. Океј. Чим така ти велиш . Yes master…

После 15 минути се појавува бесен нафуран службеникот се дере на некои гревови кои не знаат ни која дата е денес а камоли нешто друго. Држам личната во раце, правам фаца како да сум загубено детенце со влажен кучешки поглед – Господине ве молам кажете ми која соба сум пошто заборавив ( уредно кажувам точното време). Службеникот добива ерекција 5 метра дека е семоќно божество ме погледнува со полунамргодочена фаца ја зема личната проверува и со лут глас ми кажува – соба број три. Заборавив на божеството да му принесам жртва ( кафе) како што е во согласност со паганските обичаи. Важно се смилува на мене.Алах, јехова, господ исус е голем и мислослив амин…

Слика 4: чекам на ред пред собата , една женичка пред мене чека ( не можам да се пожалам дека се чека со саати имало господ) она чекала 15 минути. Била по редовна постапка и закажала од ноември ( ноември очињата ги окорувам) Пред мене се сликаше и рекоа во јуни да дојде по пасошот, не и кажаа точен датум ќе добиела смс( јас мењам бои кога го кажа ова пред 10 души ). Жити ја знаеле дека постои мобилен?! о.О???? Влегувам го јагне у касапница, точно на време, го гледам збунето и бледо службеникот, не знам кое е лево кое е десно. Се низ магла. Не ни знаев кој ми е показалецот, гзот уште помалце. Девојко во петок да дојдеш први кат таму ќе си го земеш пасошот – писулче ми дава . Алелуја.Иншалах,алах ук акбар….

Слика 5: Сигурно чекорам кон мрт, петок е … Сабајле одам, се качувам . Што ќе видам, хорор на македонски начин. Нема опис, нема зборови кои ќе го опишат ужасот на бирократијата во оваа земја. А бе исус кога 40 дена бил искушуван во пустината ова не го доживеал. Со огромни знаци и стрелки ставено кон двокрилна врата : Лични овде, пасоши овде. Пред вратата од левата страна ставено онаа ограда пред клубовите што ја ставаат оние ВИП клубови. Со јаже кое се откачува за да влезат нестрпливите луѓе внатре, само што наместо млади девојки и момци имаше еден куп постари луѓе кои чекаа. Се отвора вратата и излага службеникот кој џвака мастика со отворена уста и држи еден куп документи, се дере ко луд ги вика еден по еден да влезат. Пред него навалица луѓе подаваат раце со писулчињата во стилот – дај ми леб, дај ми леб, храна, храна, вака само се тепаат веројатно во некоја афричка држава за храна. Никогаш ова не сум го видела во мојот живот, освен по некој документарец за Сомалија или Етиопија, Feed the world. com. Службеникот крокодака – МОжам само 20 да земам.Си отидов . Дојдов навечер кога имаше помалце гужва и беа поорганизирани. Од една страна лични од друга пасоши. Пуштаа наизменично. Влегов после пола саат чекање. Таму уште шалтери. Wtf???? Зошто не тераа да чекаме? Ова не се гледа ни на кинк. ком. сериозно. 4 шалтери само за скопје и 1 за други градови. Двајца службеници, едната слжбеничка си се профрцка и си отиде. Друг очигледно постар без партиско покритие го завзеде нејзиното место и промрче нешто у стилу као; оваа сака да работи или да се заебава. Го зедов пасошот … ураааааааааа.

Конечно дома … со пасош во рака. Го ставив во сеф . Ако го загубам не знам што ќе праам сериозно. Ќе треба да убивам луѓе.

П.С. за лична ми закажаа во мај 2011 по редовна постапка ќе видиме дали до тогаш ќе се смени нешто…:)
П.П.С: Немој ѓавол да ве лаже да одите по редовна сите што беа по редовна кога одеа да си ги подигаат пасошите ги дупеа додуша беа двајца од 20 . И да даде господ на тој што ја направи оваа фрка син му педер да стане и курот да му скапе!!!!!

Преживување – deaf, dumb and blind

Posted in колумни, лично, општество on април 23rd, 2010 by marsovka

Една од работите за кои не ме учеа во школо е глумење лудило се со цел да успееш но воглавно е да преживееш. Едноставно месециве ме фати на препад овој факт- дека ја немам таа вештина. Ретко лажам, ретко заобиколувам и воглавно кога зборам е директно или молчам. Овие два месеца изигравав глупа, смотана, глува и слепа се во името на поштедување на нерви и време за објаснување на тоа што навистина се случува или пак дека има слон во собата преку комплицирани математички равенки да пишуваш на табла за да го докажеш очигледно ИМА СЛОН ВО ЕБАНАТА СОБА!

Ситуација 1: Објаснувам на еден мој близок за една работа( превише приватно) и муабетот иде во насока каде соговорникот ми укажува дека сакаат да ме искористат за пари јас климам глава демек добро има друг начин зарем не иде така да не имаш ти ресурси за тоа . Соговорникот океј па добро.
*изигравам глупа дека не знам што се дешава само за да не поминам сааати и сааати разуверување и смирување паранои доколку му ја кажам реалната ситуација*

Ситуација 2 : Објаснувам на еден другар за тоа колку деновиве изигравав смотана и глупа … ме погледна со мртов ладен и ме засече: Добро ти што мислеше ? Ако почнев јас да не глумам лудило дека не сум чул и видел некои работи мислиш дека до сега ќе имав пари?! Па и на најбедно работно место на брод пак мораш да глумиш лудило не си чул и дека си глуп иначе леташ или пак ќе завршиш со нервен слом.
-Јас останав без зборови ..

Ситуација 3: Одам за сликање на пасош не знам која соба е, пола саат пред времето за сликање стигнав во мрт. ( иако за пасошов ќе напишам еден ден посебно парче -coming soon I promise) Чекам на шалтерот за информации заедно со уште неколкумина . Го нема службеникот. После 15 минути се појавува бесен нафуран се дере на некои гревови кои не знаат ни која дата е денес а камоли нешто друго. Држам личната во раце, правам фаца како да сум загубено детенце со влажен кучешки поглед – Господине ве молам кажете ми која соба сум пошто заборавив ( уредно кажувам точното време). Службеникот добива ерекција 5 метра дека е семоќно божество ме погледнува со полунамргодочена фаца ја зема личната проверува и со лут глас ми кажува – соба број три. Заборавив на божеството да му принесам жртва ( кафе) како што е во согласност со паганските обичаи. Важно се смилува на мене.

Се уште се обидувам да го сварам некако тој факт, факт дека дури и да работиш најобична работа и дека за пола работи во твојот живот си глуп , смотан, не знаеш се со цел да се поштедиш од солење памет или пак тормозење на hard way за да направиш нешто. Факт за да завршиш било што од обична безвезна работа па се до пријателство и љубов мораш да се правиш уф не знаев или смотана сум . Факт дека треба да пеглаш нечие его и да оставиш соговорникот,сам да дојде до заклучок ДЕКА ИМА СЛОН ВО ЕБАНАТА СОБА. За да се поштедиш од потешки форми на еготрип и тормозење само затоа што не глумиш беспомошно дете и тежок идиот пошто нели сите ние знаеме се, посебно кога сме од онаа страна во која ја имаме моќта. Не ни знам што да речам освен дека нервите ми се поштедени после долго време и дека единствено нешто што можам да си речам :Добредојде во светот на возрасните
Иако тоа го сватив на потешкиот начин -.-

Тооо баци…

Posted in колумни, секс, хумор, љубов on април 16th, 2010 by marsovka

Вчера и денес ги разгледував репортите за немирите во Шутка. Имаше разни анализи и коментари но она што е испуштено е следното:
Од сите националности Ромите се со најниско ниво на едукација, иако редовно се избегнува јавно да се каже овој коментар јас сепак ќе го пишам, они се раснети на улица, нивните деца раснат на улица без некоја едукација или пак какво-такво описменување, ниво на свесност за политичко-општествените процеси е еднакво на нула или приближно на нула споредено со останатите етнички заедници. Редовно служат за потсмев и редовно се презирани. Живеат на маргините на општеството, дел од нив немаат ни лични документи, ниту изводи практично не постојат. И од сите етнички заедници во ова време на популизам и владеење на своевиден терор во кој секој ден се толчат граѓанските права или се манипулира со нив на најразличен начин со таква первезност што дури Маркизот Де Сад( дечкото по кој е крстен садизмот патем) би им позавидел и изгледа ко девица пред првата брачна ноќ во споредба со Владата. Она што сакам да го кажам : ПА ДОБРО БЕ ЦИГАНИТЕ НАС ЛИ ПОЧНАА ДА НИ ДЕМОНСТРИРААТ ШТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИШТВО И БОРБА ЗА ЗАЕДНИЦАТА И СЕБЕ НАСПРОТИ ПОПУЛИСТИЧКИТЕ КУРВИ НА ГВУЈО, ПА ПИЧКА МУ МАТЕР ШТО ПИЧКИ ЌЕ ДА БЕВМЕ ?!
Толку од тоа потомци на страшната фаланга на аце а? Тој дел некако бледнее кога инкасаторот, инспекторот или рандом фаца напукана со авторитет од владата ни зачука на врата.
Ебате што народ ќе да бевме !!!!Ебате пичките вие треба први да фрлате камења не бацито од шутка!
О да сите партиски курви ги делетирам од коментари … ебате засрамете се

По повод намалување на партиципацијата

Posted in вести, колумни, образование, општество on април 16th, 2010 by marsovka

Предговорот во сунг цу уметноста на војување превод од томас клири вели:Лекарот во кина уживал во голем углед кој кажувал за што се должи неговата успешност рекол : „мојот најстар брат е способен да ги открие болестите и да ги отстрани сите појави пред да се појави самата болест , па поради тоа не е познат надвор од нашата куќа .Мојот среден брат ја лекува болеста додека еуште во самиот почеток и поради тоа не е познат надвор од рамките на нашето соседство.Што се однесува до мене , јас пуштам крв, припишувам напивки и правам масажа , па моето име одвреме-навреме се слуша и во дворот“
Затоа слушнете ме мене , додека мрчев пред да се појават знаците на болеста бев прогласена за луда и ненормална, додека укажував кога болеста е на својот почеток ме знаеја неколкумина а кога почнав да кажувам како да се излечи болеста кога го зела својот замав тогаш станав почитувана .Слушнете ме додека болеста е на почетокот.
Ова е ефтина популистичка мерка, седнете и почнете да го разгледувате минатото, не знам колку ви текнува на ваучерите за апсолвенти кои година после изборите не се делеа повеќе. Истото е и со ова власта со ова сака да купи гласови. Да речеме дека од 22 000 средношколци наредната година ќе се запишат 15 000 на факултет, тие имаат родители тоа се плус два гласа.Да речеме дека наредната генерација која ќе матурира исто така ќе се надева на овој попуст заедно со нејзните родители и таа после нејзе. Тоа се грубо пресметано 75 000 гласови. Тоа е многу за Македонија со оглед дека само 40 до 50 посто од гласачите со право на глас, гласаат. На сите им е јасно дека ова мириса на избори и дека власта сака да ве купи , ветување кое наредната година ќе исчезне во ветрот.
Проблемот е далеку посериозен и дааалеку полош одошто вие мислите. Да речем е дека се зборува за некое сиромашно дете:
- Првоо од каде ќе најде пари за таа квота, за државна 100 евра треба за семестар, некои немаат ни пола од тоа да платат , од каде?
- Друго а пари за превоз, престој, храна, скрипти и учебници?
- Трето високото образование и вака е разводенето од напливот на медиокритет кој реално иде за да си го продолжи детството и да не се соочи со реалниот свет наредните 4-5 години . Да не се лажеме таков ни е менталитетот стекнат од комунизмот. Тие деца немаат шанса наспроти тој наплив
Немојте да ми вадите од уставот цитати корнат на лицемерие со кое ми се повраќа. Сите имаат право на образование … океј како може сите да имаат право кога самото тоа право иде во ветрот кое зависи во голема мера од финасиската состојба на родителите кои треба наредните 4 години да го издржуваат тоа дете? Зарем тоа дете е криво што неговите родители едвај можат да ги платат сметките? Кое лицемерие, стипендии уште се даваат откако ќе покажеш резултати во првата година , некои не можат ни тоа да го платат а и просекот кој се бара е под знак прашалник и зависи од војлата на професорите за кои ни е јасно дека дел од нив се корумпирани. Ако власта воопшто и беше важно тие сиромашни деца факултетски да се образоваат тогаш таа ќе воведеше мерка стипендии (со кои ќе им биде платен престојот, храната и превозот, плус студирањето и пари за учебници) за секој матурант кои исполнил одредени услови пропишани со законски акти а не намалување на приватна квота во која се упишани деца на родители кои потекнуваат од средната класа кои и гласаат и кои одозгораа и вака и онака имаат пари да ги дадат ( иако има исклучоци). Оваа мерка не е реална и е во најмала мера популистичка. Власта не ни сака тие деца да имаат било каква диплома, бидејќи тие деца знаат што е сиромаштија а со тоа влече и ред други психолошки моменти. Како прво тие деца се настрвени на оние кои ја предизвикаа оваа сиромаштија како второ тие деца(барем дел од нив) нема да дозволат туку-така корумпцијата да се шири ниту лесно да бидат купени за разлика на децата од средната класа чија работа ја должат на мама-тато кои се учени од мали нозе дека работите така функционираат и тачка. Јас ги имам осетено истите проблеми и знам дека во најмала мера ќе се противам , можам да замислам како им е на другите.

Кажете што сакате. Ама реалноста е оваа, високото образование се претвора во средно, се раводнува и се произведуваат стисни дугме кадри кои реално не вредат ни за кур,се иде на квантитет него на квалитет кој може да не избави од оваа вечна транзиција, сиромашните пак нема да ја добијат оваа шанса овде туку во некоја рандом земја на која ќе и служат добро ,земја поради нив ќе биде просперитетна . А ние пак ќе драпаме мадиња дека ние крив ѓаолот поради нашата кратковидност.
Но на крај краева резултатот ќе биде ист сите кои вредат ќе сакаат да си заминат од оваа земја по секоја цена и ќе заминат, а овде ќе остане медиокритетот и шкартот. Бидејќи овде секое чудо трае три дена исто како и оваа мерка која ќе го доебе високото образование .
Е сеа на крај за политичките имликации кои ги влече оваа мерка а тоа е уништување на почетоците на некои студенстки организации како слободен индекс. Да се потсетиме во второто владеење на Б.Ц, имаше слична организација на чело со Филип Петровски која поведе масовен протест кој подоцна беше една од причините за паѓање на тогашната власт. Секој кој има два грама мозок ќе свати што сакам да кажам. И во името божјо немојте пак да ми драпате мадиња со уставот децата не треба ни малце да носат на својот грб потеклото а со тоа и сиромаштијата и неможноста за студирање поради своите родители .

П.с. запалете свеќа и молете се :)